Секоја година, World Luxury Hotel Awards го прогласува најлуксузниот хотел на свет, кој претставува богатство, услуга од пет sвезди, безпрекорна понуда на ресторанот и уникатен дизајн на ентериерот.
Armani Hotel Dubai е екстравагантен ресорт сместен во култниот Burj Khalifа во Dubai, во највсоката зграда на светот. Хотелот има 160 соби кои се наоѓаат на првите осум ката на небодерот. Жирито изјави дека овој хотел “претставува чиста елеганција, едноставност и софиситицирана комоција – се што го дефинира и самиот Giorgio Armani.
5 -те sвезди на Armani Hotel Dubai, најдобро се гледаат во неговата услуга – според Telegraph, на секој гостин му се доделува “Lifestyle Manager” или личен батлер при пристигањето. Содржината вклучува базен со сончева тераса, тeрми и ресторани со потпис Armani/Ristorante.