Организацијата на мал стан во денешно време бара генијален ум. Од реверзибилни врати, скриени кревети, до предмети со повеќе функции и контрасти кои додаваат динамика – филозофијата на малиот стан кој би требало да изгледа како голем, е често во употреба.
Сакате да создадете пријатна атмосфера и убаво место за живеење. “Домот го изразува продолжението на нашата душа” – велат филозофите.
Чистиот стан, секогаш изгледа поголем, уште ако му додадете стакло, акрил и поликарбонатен мебел, ќе додаде футурисички стил со прosирни парчиња, кои едвај се гледаат.
Со комбинацијата на пластика со челик и стакло, дизајнерот го “исчистил” просторот за да може лесно да додаде вазни со цвеќе и зеленило. Палетата која им одговара на малите простори, вклучува бои како што се сивата, смеѓата, беж, жолтата и свежо-зелената. Еден впечатлив живописен агол, доволен е да се создаде днамика на просторот – останатато во мал стан, би требало да биде едноставно и неутрално.