Да барате совршен подарок за некого е тешка задача. Посебно ако тој некој е љубител на уметноста и постојано ги посетува галериите и музеите. За среќа, во едно можете да бидете сигурни – секој носи и сака чорапи.
Затоа денес ви ги претставуваме овие “арт чорапи”, на кои можете да ги најдете најпознатите светски уметници од Леонардо да Винчи до Винсент ван Гог. За празниците кои следат, се надеваме ќе ви помогнеме барем малку, во вашиот список на подароци.