Пакувањето на куфери честопати создава непотребен стрес, посебно неколку минути пред да го напуштите домот – секогаш имате чувство дека нешто сте заборавиле, а тоа и најчесто е точно.
Пилотите се дефинитивно најдобрите советници кога пакувањето е во прашање, се што знаат, научиле од искуство. Еве 3 совети за најдобро спакуван кофер:
Oдберете еден апарат со повеќе наменска функција
Кога се пакувате, одберете еден апарат со повеќе наменска фукнција – на пример, ако носите телефон со себе, не морате да носите лап-топ, ни камера ни GPRS. Истото важи и за облеката – се што ви треба се неколку модни додатоци и можете да имате секој ден нов изглед.
Спакувајте три пара чевли
Секогаш имајте еден пар чевли за пешачење/вежбање, еден свечен пар и едни натикачи за да го одбегнете кнтактот со теписите во собите. Оваа формула функционира за било кој вид на патување да планирате.
Облечете ги на себе најдебелите парчиња облека
Кога патувате, чизмите или капутот завземаат драгоцен простор во коферот. Затоа, облечети ги на себе најдебелите парчиња.
Среќен пат!