Можеби сте виделе или слушнале за новиот предизвик на социјалните медиуми за кој полуде цел свет?!
Денес ви прикажуваме се за познатиот #Мannequinchallengе, во кој видовме и некои од познатите sвезди како и познати личности.
Накратко – луѓето стојат на место како кукли, додека една личност со камера се движи околу нив. Пожелно е во заднина да свири “Black Beatles”, песната на Rae Sremmurd и Gucci Mane (дури и Paul McCartney го прифати предизвикот).
А се започна според Twitter, со едно видео кое го објави корисникот @pvrity___ каде збир на средношколци од Edward H. White High School во Jacksonville (Florida) стојат фатени во моментот, за време на својот вообичаен улилишен ден.