Петте најпосетувани градови во Азија се Куала Лумпур, Токио, Хонк Конг, Банкок и Сеул. Азија, континент толку близок а всушност толку далечен. Ви го претставуваме богатството на Ориентот.
- Куала Лумпур, Малезија Тој е главната дестинација каде што се поврзуваат истокот и западот во однос на авионските летови. На посетителите и на туристите многу забава и занимливости. Главната атракција на градот се рестораните со интересно подготвена храна како и ефтиниот шопинг. Градбите кои можат да се видат во главниот град на оваа земја многу потсетуваат на не така далечното минато.
2. Банкок, Тајланд
Овој град секојдневно се модернизира се повеќе и повеќе. На некој начин може да се каже дека полека тој се одрекува од своите традициналните обележја и се повеќе се приспособува на западната култура. Модерната технологија зема се поголем замав. Но, тоа что му дава посебен шарм на оваа метропола е вкрстувањето на старото и новото.
3. Сеул, Ј. Кореа
Интересен е фактот што Сеул е на листата на културно наследство на УНЕСКО. Главнато обележје на овој преубав град е храмот JONGMYO. Овој град дефинитивно ќе им се допадне на сите оние кои чуваат домашни миленици бидејќи тука е дозволено да ги носите секаде со вас и во ресторани и во продавници.
4. Токио, Јапан
Да се посети Токио е исто како и да патувате во иднината. Ова е градот на најновите изуми на модерната технологија. и не само тоа тука ќе може да ги најдете најновите трендови во модата како и најдобрите гастрономски подготвени специјалитети. Декада наназад во градот се доселуваат се повеќе млади луѓе кои ја гледаат својата иднина тука. Заштитен знак на градот е црешата бидејќи тука се најпознатите црешови градини.
5. Хонг Конг,
Дефинитивно со посетата на Хонг Конг ќе го почувствуате вистинскиот дух на Азискиот континент. На еден интересен начин тука се испреплетуваат истокот и западот, денот и ноќта , јин и јанг. Се повеќе луѓе ја населуваат оваа метропола бидејќи тука може многу лесно да напредуваат во својата кареира.