Фирмата Nexo од амеркинската држава Utah, создаде гуми кои не можат да се избушат и кои нема потреба да се наполнат со воздух. Тоа е сон на секој бициклиста.
Иако овие гуми не се новост, тие не се во широка употреба заради слабата крутост и шок апсорбцијата, во споредба со конвенционалните гуми. Но од оваа фирма тврдат, дека пронајдоа решение за споменативе проблеми. Гумите се изработени од полимер мешавина и прават совршена рамнотежа помеѓу мекотијата, еластичноста и трајноста.
Производот доаѓа во два различни облика – првите се гуми кои треба да се монтираат на постоечките тркала со век на триење до 5000 километри, а вторите се цел сет на гуми и тркала кои можат да траат повеќе од 8000 километри.