Ако сакате да ја засилите својата игра на заведување или пак едноставно ве интригира студијата за машко-женските односи и стилот – ова е текст за вас! Баравме научно објаснување – која женска облека е најпривлечна за машките?
Од класичните совети дека треба да се носи црвената боја па се до неочекуваното откривање на делови од женското тело – во продолжение прочитајте зошто машките ќе се свртат 2 пати по вас…..
ШТИКЛИ
Ова не е никакво изненадување – тие ја зголемуваат женската привлечност. Мажите попрво ке и пристапат на жена во штикли отколку на тие кои не ги носат. Изненадени? Ние не.
ЦРВЕНА ОБЛЕКА
Ни тука нема никакви новости, но ако терба да ве потсетиме – црвената боја ја зголемува атрактивноста на машкото внимание.
ЦРН ФУСТАН
ОК, за ова нема технички научен доказ, но ќе се послужиме со зборовите на Elizabeth Hawes (славна американска писателка) за тоа што мажите сметаат дека е привлечно кај жените: “Пет од пет мажи, кажаа дека 2 пати ќе погледаат во било која девојка која е облечена во црн фустан”. Eдноставно, зарем не?
БЛУЗИ И ФУСТАНИ БЕЗ РАКАВИ
Ако мислите дека само долгите и тенки нозе се она што машките прво го забележуваат на жените – размислете повторно. Машките всушност повеќе ги привлекуваат женските раце!
ТЕСЕН ФУСТАН
Покажете ги своите облини во тесен фустан, според некои истражувања, мажите повеќе ја сакаат фигурата на песочен часовник, со нагласен струк и колкови. Затоа, ако ги имате, слободно покажете ги!