Архитектите Michaelis Boyd и Nick Plewman, се здружиле заедно за да го дизајнираат Sandibe Okavango, еколошкиот сафари ресорт кој се наоѓа во Боцвана. Изграден во Okavango Delti, на гостите им нуди прилика да ги видат животните во нивната природна средина. Овој луксузен ресорт со 12 апартмани, изграден е со цел да стане туристичка мамка во регионот.
Бегајќи од традиционално темните и мрачни интериери кои се вообичаени сафари одмаралишта, средниот дел на овој ресорт е отворен со прекрасен поглед кон пејсажот. За изградба се користени локални материјали, додека електричната енергија ја користат од локалната фарма, со соларни плочи. Со ова се намалува и јаглен диоксидот, кој се повеќе ја напаѓа недопрената природа на Боцвана.