Дизајнерката Manon Belanger го адаптираше станот во Монтреал, кој одлучи да го опреми со оригинални и современи предмети. Станот прикажан во нашата галерија, идеално се вклопува со карактерот на старата зграда и нуди спектакуларен поглед од терасата кон St. Lawrence River и пристаништето.
Отворениот дневен простор и трпезарија, прават функционална зона која е атрактивна со дрвените греди. Акцентот е ставен на богатството на архитектурата и материјалот, а притоа е создадена машка атмосфера.