Вистинската убавина на жената е одлика на тоа како една жена се чуствува, а самодовербата која таа ја поседува е главниот виновник за нејзината привлечност и убавина. Чуствувањето одлично во сопствената кожа е нешто која секоја дама го заслужува, а токму затоа на скопската сцена настапува Yamamay – брендот која ги остварува желбите на сите дами!
Во вистински момент кога изборот за долна облека во градот е навистина мал,италијанскиот моден бренд Yamamay конечно ни пристигнува во Скопје.
Неговата приказна започнува во 2001та година кога сопственикот го воочува потенцијалот на бизнисот со женска долна облека, за денес да стане еден од водечките брендови во светот.
Цврсто придржувајќи се кон својата мисија и визија – да се навлезе во срцето на секоја жена – брендот денес брои над 500 продажни салони низ светот, а како што и претходно споменавме набрзо на листата ќе се најде и продажниот салон во Скопје.
Секоја колекција е креирана внимателно, со посебно внимание кон секој дизајн, со цел секоја жена да се чуствува прекрасно, заводливо, среќно во сопствената кожа- што веројатно е и нивната формула за успех.
Колекцијата зима 2016 преставена од единствената Наоми Кембел ги долувува и истакнува природната убавина и сензуалноста на секоја жена.
Во прилог ви ја презентираме колекцијата која ќе биде достапна од 13.11.2016 во продажниот салон на Yamamay Македонија – а сигурни сме дека и вие ќе се заљубите во нивната колекција, како и многу жени ширум светот!
Не заборавајте од 03.11.2016 Yamamay отвора свои продажни салони во трговските центри Скопје Сити Мол и Рамстор.