Кога го планирате својот дом од соништата, постојат неколку работи за кои би требало прво добро да размислите. Палетата на бои, дизајнерска тема, уредувањето и стил, се секако едни од главните ставки – но сепак, главниот клуч на домот е да тој навистина му служи на целото семејство. Ако нешто ви се допаѓа од овој дом на едно данско семејство, слободно инспирирајте се за вашиот.
Креативниот пар Peter Østergaard и Åsa Olofsson, ја редизајнираа својата поранешна рибарска колиба во удобен семеен дом, полн со светлина, практични елементи и во модерен стил. “Кога имате мала куќа, ги вклопувате само неопходните работи, немате 20 тенџериња и тави, туку имате само 4, ама најдобри”, кажува Peter.