Овој стан се наоѓа на Plaça Catalunyа во самото срце на Barcelonа, а го дизајнираше одличен тим на архитекти, кои успеаја да го извлечат најдоброто од локацијата, со прекрасната балконска врата која се отвара кон градскиот еклектичен ритам.
“Сопственикот сакаше отворен стан, кој се вклопува во неговите повремени присуства во градот и кој може да ги нагости неговите гости”, објаснија архитектите. “Кујната мораше да биде на централно место, да служи за собирање – повеќе како гастро бар, отколку фамилијарна кујна. Сем тоа во кујната моравме да најдеме простор за вински подрум во кој се наоѓаат повеќе од 600 шишња.”
Вкупно 10 прозори се распоредени по целиот стан, кои обилно ја внесуваат светлината. За да го умножат нивното присуство, архитектите користеле огледало во ходникот и на останатите делови на носечкиот zид.