Креаторите на брендот Krukrustudio – Max и Lyuba од Финска, имаат различни интереси – Lyuba црта a Max ги крои торбите. Во 2011. во Москва, почнаа да создаваат торби од волна и вештачка кожа, прво класични модели – за потоа да сфатат дека торбите нудат низ можности за моделирање. Подоцна, никој не можеше да застане на пат, на нивната креативност. Моделите ги објавија на социјалните медии, ведаш се продадоа, а нарачките не престанаа да пристигаат!