Кинескиот град Harbin кој е познат по своите ледени скулптури, од неодамна доби уште една знаменита градба кој со право може да го понесе епитетот најубавата оперска куќа на светот.
Архитектот Ma Jansong е главниот “виновник” за проектирањето и изградбата на ова грандиозно здание. Тој е основач и претседател на познатата архитектонска фирма “MAD”. Во неодамнешното интервју кое го даде за телевизиската куќа CNN тој истакна дека во модерната архитектура и урбаното планирање недостасува многу значајната емотивна компонента. Посебно истакна дека главна цел заедно со својот тим на архитекти е да се даде еден вид на смирувачка естетика во своите градби за разлика од модерните кинески градби.
Тој верува дека луѓето едноставвно како да губат кога ке влезат во еден таков огромен објект како что тој го нарекува и “без душа”, и затоа вели е многу важно односно единствено решение е повторно воспоставување на емотивна врска помеѓу природата и човекот.
Во продолжение погледнете како изгледа ова здание, навистина грандиозно, нели!