На Бергамските Алпи во Италија, архитектот Rocco Borromini ја изгради оваа прекрасна семејна куќа. Куќата е на планина, опкружена со дрвја и зеленило, што ја прави совршена за одмор од секојдневието. Главните материјали со кои е изградена се дрво и камен. Големите прозорци даваат природна светлина во внатрешноста, како и прекрасни глетки за одмор на телото и духот. Ентериерот на оваа топла колиба е минималистички, но сепак има доволно простор за дневен престој, кујна со трпезарија и спална соба. Погледнете и инспирирајте се.