Tjalf Sparnaay е учител по фискултура, самоук сликар и фотограф, чија што кариера оди вртоглаво нагоре и веќе е познато име во Лондон и Њујорк. Слика секојдневни предмети како што е полуизеден сендвич, јајце на око, смачкана конзерва од кока-кола, притоа користи разни фотореалистички техники. Овој модерен сликар, силно се врзува со традицијата на холандската мртва природа што е сликана во 17 век. Sparnaay ги става нештата надвор од нивниот секојдневен контекст, ги зголемува до ниво на универзална структура во сета нивна убавина, или како што тој самиот вели “Јас тоа го нарекувам – убавината на секојдневни современи нешта”.