Conde Nast Traveler, ги откри трите најдобри дестинации за зимски одмор во 2016 година. Тие се за: љубители на сонце кои сакаат да избегаат од студот, љубители на снегот кои уживаат во зимските спортови и љубители на знаменитости кои секој пат сакаат да впијат дел од светското знаење. Спремете ги пасошите – ова се топ 3 дестинации за оваа зима!
Cape Town – Јужноафриканска република
Cape Town е познат по ресторани, хотели и моќна ноќна сцена, која им парира на големите европски и американски метрополи. Авантарустите би требало да резервираат морско сафари и да заронат со големите бели ајкули, да ги посетат пингвините и да ја ги истражуваат пределите. Имаат многу виногради како што се Stellenbosch и Franschhoek, кои можете да ги посетите во еден ден.
Патагонија, Чиле
Патагонија се наоѓа на долните делови на Аргентина и Чиле, совршена е за љубителите на природата и отворените пејсажи. За време на летото, во Патагонија можете да ги видите најубавите природни феномени. Идеална е за пешање по планините, фјордовите, прашумата па дури и на ледот.
Венеција – Италија
Сместена во северна Италија, Венеција ја сакаме заради нејзините камени улици, канали, возење со гондола и византиски историјските градби
Забаоравете на лето – зимата е најдобро време за посета на овој град. Гужвата и жешкиот плочник во главната летна сезона, не се толку привлечни. Студените месеци носат благо време и тивки канали. Ако се сметате за патник, а не турист, ова е право време за посета на Венеција.