Дизајнирана од студиото Alpes Green Design & Build, изградена во 2016 година, оваа луксузна куќа е уметничко дело кое содржи прекрасни елементи на ресорт. Сместена е во Djà Nang во Vietnam, градот со сончева и топла клима. Дизајнерите сакале да создадат поинаков дизајн. Паметната употреба на кровните прозори, вентилацијата и отворените простори, создаваат светло во останатиот дел од куќата. Првиот кат е со приватен базен кој има две намени – семејството може да се бања и релаксира во сопствениот дом и базенот го лади останатиот дел од куќата.