Познатиот пар George и Amal Clooney, купија стан во новата луксузна зграда /во изградба/ на познатиот трговец со недвижнини Aby Rosen. Зградата ја потпишува Norman Foster, a се наоѓа на источната страна на Manhattan, во 53-тата улица.
Ексклузивниот облакодер ќе има многу луксузни содржини, ресторан на познатиот шеф Joël Robuchon, огромен базен, сауна, соба за јога, фитнес, библиотека, како и консиерж..
Според информацијата на NYPost, парот се одлучил за стан во оваа зграда заради уредувањето, дизајнот и додатните содржини, а голема предност е што зградата е во непосредна близина на Обединетите нации, каде Amal е позната адвокатка за човечки права, а исто така таа предава и работи на Правниот факултет на Универзитетот Columbia.
Апартманите во луксузната зграда која се уште е во фаза на градење, би требало да бидат готови идната година, а за сега, има само рендери кои покажуваат точен дизајн на ентериерот. Цените на апартманите се движат од 2,6 милиони до 65 милиони долари! Не знаеме колку платил брачниот пар за својот апартман, но не ни важно! Нека им со среќа!