Нема ништо посебно во LED светилките или старомодните фенери. Меѓутоа, кога некој се сетил да ги спои заедно, создадено е нешто што вреди да се види. Balad Collection е резултат на соработката помеѓу француската фирма Fermob, која произведува мебел за екстериери и дизајнерот Tristan Lohner.
Balad е LED безжичана светилка која можете да ја носите со вас кога ви треба малку повеќе светло. Ја има во шест бои и има две сили на светлина – силната за учење и чтање и благата за амбиенталната светлина, која совршено одговара за дружење во домот и надвор од него!