Дизајнерското студио D/Dock, добило задача да го дизајнира новиот работен простор на фирмата OVG која работи со недвижнини, на последниот кат на познатиот зелен Edge Building во Амстердам. Резултатот е креативно работно место, каде што традиционалните работни маси се заменети со подрачја, кои ги врзуваме со слободните активности и аглови за одмор. Дизајнот на ентериерот содржи низ на текстури и фини завршетоци, кои на целокупниот простор му даваат опуштена атмосфера, во која сигурно е задоволство да се работи.