MNy Arkitekter studio го дизајнираше овој дом со име House Åkerudden, кој се наоѓа крај езеро во руралната област Tenala во Финска. Резултатот е нагласена автентичност, едноставност и лесно одржување на домот, што се воедно и клучните елементи кои го чинат современиот дом.На одалеченост од градската врева, домот е совршено сместен во недопрената природа, за да можат домаќините да уживаат во мир.
Непретенциозниот изглед на куќата, со секојдневните активности во едноставниот отворен простор, е создаден за готвење и уживање. Во средината е масата за јадење која ја разбива собата во различни функции. Каминот поставен на едната страна, служи за греење а воедно и како декоративно парче.
Дизајнерскиот тим користел 7 видови на локални дрва, кои сега го прават интересен овој дом. Иложеното дрво го има низ целата куќа и дава чувство на едноставност и поврзаност со природата.