Љубителите на мачки, радувајте се! The Moozoo Store и креативниот тим кој стои зад оваа фирма, создадоа преслатки крагни -мачки, за кошули и блузи кои ќе ги обожувате во оваа есенско-зимска сезона, а како вистински љубители на мачки, нема да го прескокнете овој тренд!
Со сошиениот цртеж на маче околу вратот, ќе изгледате како да вашето маче се свиткало околу вашиот врат, пред да излезете од дома. Крагната е впечалива и модерна, а можете да ја нарачате преку storenvy за 19 долари.