По желбата на еден млад тинејџер-клиент, Inhouse Brand архитектонското студио, го креираше просторот со бетонски skate bowl, инспириран од скејт паркот во Лондон. Додадоа уметнички дела од Jack Fox на sидовите. Необичната кујна е место каде ќе се освежите или ќе ги зграпчите грицките, а како додатен бонус, индустријските црни полици се наредени на задниот sид и служат како сталак за даските за сурфање.
Секоја соба за забава мора да има голем TV простор. Топлите дрвени даски одлично координираат со челичната рамка и така создаваат права сурферска вибрација. На самиот крај од собата вклучени се маса за билијард и боксерска вреќа. Зар може да биде подобро?!