Fujifilm и неговата линија на инстант камери Instax, се здружија со познатиот дизајнер Michael Kors, за да ја креираат новата модна линија и секако лимитираната Instax Mini 70 камера.
“Модата и фотографијата заедно, им даваат глас на поединеците за да можат да се изразат креативно, а овој Instax Mini 70 by Michael Kors, ќе им придодаде на стилот и содржината. “, изјави креативниот директор на американскиот Fuji, Mark Yamamoto. ” “Сведоци сме на денешните експлозии на возбуди кои настануваат околу инстант фотографиите, а сега потрошувачите можат да направат фантастични инстант фотографии со помош на комбинацијата на Instax и луксузниот бренд Michael Kors.”
“Како бонус, камерата има паметна опција за сликање selfie фотографии, која автоматски ги прилагодува поставките за совршена фотографија – сигурни сме дека оваа камера ќе биде хит на забаваите и дружењата со пријателите.”