Во овој стан ќе заборавите на лошиот ден! Овој убав шарен дом во Букурешт во Романија го дизајнираше Hamid Nicola Katrib. За разлика од вообичаениот бело-беж стан, ова место е полно со живи бои и контрасти. Дизајнерот добро ги комбинирал жолтата со сината боја по целиот стан и така создал по целиот стан длабоко и впечатливо светло. Сем веселите светли бои, забавниот дух се пролева насекаде во домот.
Стилот “Алиса во земјата на чудата” се гледа и во мебелот и декорациите, со светлите и меки завршници на обработката, необичнате завршници на оградите од скалите, веселите и разиграни кујнски ормани залепени со налепници и украсени со убави рачки. Изнендување можете да најдете на секој сантиметар по собите. Навистина свеж, младешки и оригинален дизајн, идеален за млад и неконформистички власник на домот.