ОВЕН
РАБОТА – Оваа недела ве очекува подобро позиционирање на работното место. Потребно е само малку повеќе да се ангажирате, за да успеете во тоа што долго време го планирате. Подобрување и на финансиската состојба.
ЉУБОВ – Со подобра комункација ќе следат и подобри денови на љубовното поле.
ЗДРАВЈЕ – Немате проблеми.
БИК
РАБОТА – Неделава е совршена за организирање на секој нареден деловен чекор. Потрудете се да ги средите сите проблеми со колегите, периодов е одличен за тоа. Искористете го ова време за напредување.
ЉУБОВ – Можни се мали несогласувања со партнерот во наредниот период. Разговор за проблемите е единственото решение.
ЗДРАВЈЕ – Почнете да внимавате со храната.
БЛИЗНАЦИ
РАБОТА – Кај Близнаците доаѓа до промена на деловното поле. Доколку сте биле без работа, возможно е ново запослување. Само храбро!
ЉУБОВ – За вас ова е период кога не се занимавате многу со емоциите, сега тоа ви е споредна работа.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.
РАК
РАБОТА – Доминанацијата не ви посилната страна, но вие се трудите да раководите со деловниот план, за се да тече како што треба. Се борите со другите, но и со самите себе.
ЉУБОВ – Во љубовта добро ви оди, што ви помага да ги надминете деловните грижи кои се зголемија на крајот од септември и на почетокот на новиот месец, октомври.
ЗДРАВЈЕ – Несоница.
ЛАВ
РАБОТА – Како се наближува новиот месец, а вие веќе имате спремни нови планови. Новиот месец ќе биде многу поволен за вас, така да искористете ја оваа недела – за сите припреми.
ЉУБОВ – Лавовите ги очекува мала турболрнција во врската, доколку сте зафатени. Ќе ви недостасува малку емпатија и разбирање од страна на партнерот.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
РАБОТА – Правите грешки во деловните потези и ќе ви треба совет од искусна и доволно стручна личност, бидејќи се губите во плановите. Потребно ви е да се вратите на правиот пат.
ЉУБОВ – Љубовта и понатаму ви цвета, на други заборавивте. Фамилијата и пријателите како да ви се сега во втор план.
ЗДРАВЈЕ – Повеќе пешачете.
ВАГА
РАБОТА – Вагите кои се занимаваат со работа која е врзана со комуникациите, ќе бидат многу успешни. Искористете ја шансата коjа ви ја даваат sвездите во овој период.
ЉУБОВ – Вашата неодлучност повторно доаѓа во преден план. Нема повеќе ваму-таму, сега мора да одлучите што навистина сакате на љубовното поле.
ЗДРАВЈЕ – Вежбајте повеќе.
ШКОРПИЈА
РАБОТА – Ова е генерално добар период за работа, посебно ако се занимавате со работа која што влијае на поголем број на луѓе или на една цела заедница.
ЉУБОВ – Во овој период навистина би требало да се релаксирате и заборавите на сите проблеми. Сега тука сте само вие и вашиот партнер.
ЗДРАВЈЕ – Добро.
СТРЕЛЕЦ
РАБОТА – Ви треба само малку повеќе трпение, бидејќи sвездите ви нудат добра и поволна ситуација за која ви е потребно само малку повеќе време.
ЉУБОВ – На слободните им се смешкаат авантури, а зафатените ќе уживаат во хармоничен однос со партнерот.
ЗДРАВЈЕ – Внимавајте на калоричната храна.
ЈАРЕЦ
РАБОТА – Обврските се редат и оваа недела, нема некои посебни промени на деловното поле за знакот Јарец. Монотонијата е присутна оваа недела.
ЉУБОВ – Имате потреба повторно да се вљубите оваа недела, да се однесувате послободно, да правите интересни работи, но се плашите каде тоа ќе ве однесе.
ЗДРАВЈЕ – Добро.
ВОДОЛИЈА
РАБОТА – Можеби ќе се соочите со некои проблеми на работа, но колку и тие да изгледаат големи и важни, не им посветувајте многу внимание на деталите, туку повикајте се на својата интуиција.
ЉУБОВ – Можеби дојде време кога сакате да се средите со една личност која долго време ви се допаѓа. Sвездите ви се наклонети оваа недела.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.
РИБИ
РАБОТА – Клучот на добрата комуникација се точните информации и слушањето, а тоа вам не ви е проблем, затоа ви следи успешен период на деловното поле.
ЉУБОВ – Доколку сте во подолга врска или брак во кој има и деца, можно е да дојде до некое мало недоразбирање со партнерот.
ЗДРАВЈЕ – Добро се чувствувате.