Линиите и цвеќето го превземаа главниот збор во модата ако судиме според пролетната колекција на Fendi за 2017 година, презентирана за време на вториот ден на модната недела во Милано. Karl Lagerfeld и Silvia Venturini Fendi инспирацијата ја најдоа во “Rocco”, а конечниот резултат е пастелната и проsирна колекција која ќе ја воодушеви секоја елегантна жена.
Во пролетната сезона преовладуваат парчиња инспирирани од пижамите и долниот веш, како и проsирни кошули и широки пантолони. Јакните се со големи џепови – се на се, видовме предимензионирана и опуштена силуета.