Повеќе од 300 милиони деца живеат во околина со загаден воздух. Едно дете од седум во светот е под ризик од белодробни заболувања и сепак, загадувањето на воздухот не е сфатено сериозно.
Многу луѓе замижуваат пред климатските промени, останувајќи несвесни за последиците бидејќи не се соочуваат со нив. Но сепак, толку мали деце се тука, во таа токсична средина, постојани вдишувајќи токсичен воздух.
UNICEF предупредува дека навидум невидливите ефекти траат постојано, а посебно кај малите деца со недоразвиено белодробие, централен нервен систем и имун систем. Затоа UNICEF ги здружи силите со разни уметници од светот, со цел да пренесе една силна порака и да ја разбуди свеста на популацијата.
Учествуваа познати уметници на денешницата, меѓу кои Bodil Jane, Henne Kim, Maria-Ines Gul, Renate Groenewould, и Lieke van der Vorst.