Кој вели дека диетите мораат да бидат досадни? Ние сигурно не!
Само заради тоа што внимавате што внесувате во организмот, не значи дека не можете да имате друштвен живот или повремено да уживате во коктели, тука и таму. Самоконтролата и мерката се клучни, затоа треба паметно да одлучите што ќе пиете и каде.
Ви нудиме 5 коктели кои нема да ви го отежнат облекувањето на тесните фармерки, кои сте одличиле (повторно) да ги облечете!
1. Текила, минерална вода + лимета или краставица
Најдобар коктел со кој ќе внимавате за внес на калории. Не ви треба сол а нема да имате мамурлук следното утро! чашка текила има од 60 – 100 калории.
2. Класичен Мартни со џин или вотка
Не можете да погрешите со класичен мартини на база џин или вотка. Чаша мартини содржи околу 130 калории алкохол, без додатен шеќер.
3. Old Fashioned
Големи се шансите дека ова е најсаканиот пијалог на голем дел мажи, а доколку и вие сте љубител на виски и внимавате на линијата – пробајте го и вие! Една чашка содржи околу 160 калории, не е најдобра опција во барот, но не и најлоша. Најдобро е да го нарачате со мраз!
4. Вотка + минерална вода + свежо овошје
Го забележувате трендот тука? Што помалку состојки содржи вашиот пијалок, тоа подобро за вас! Мешаните пијалоци се посебно проблематични ако во нив се користат напитоци полни со шеќер, како Coca-Colа. Одберете чист алкохол, како вотка или текила и измешајте го со свеж сок од овошје со голем дел вода, портокал, лимета или грејп.