Оваа клупа дизајнирана од Patrick Kusters, ја краси едноставниот дизајн со челична рамка и дрвена површина, за да се создаде големо, впечатливо и практично парче мебел за сечиј дом и двор. Семејните оброци и пријателските дружења стануваат уште подобри!
Дизајнерот се инспирирал од традиционалните училишни трпезариски клупи (кои можеме да ги видиме во американските тинејџерски филмови) – каде дизајнот е едноставен, флексибилен и стабилен. Иделано за дружење, едноставно за одржување и демонтажа кога ќе посакате.