Овен
Работа – Бидете внимелни во писмените преписки како и со документација се до 22. септември, додека планетата Меркур е во ретрограден од. Борбено! Појасна слика и подобри работни услови може да очекувате од 26 септември кога планетата Плутон ке тргне директно во вашето поле на кариереата.
Љубов – Многу Овнови кои се во долги врски ќе посакаат да ја озаконат својата врска и ќе бираат датум за венчавка.
Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.
БИК
Работа – Значајно подобрување на финансиската ситуација ќе почувствувате од 22 септември, кога владетелот на вашите материјални добра планетата Меркур, ќе тргне со директен од.
Здравје – Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Вашата планета Меркур се движи ретроградно, па бидете внимателни во комуникациите и со документацијата се до 22 септември.
Љубов – На една прослава во последната недела од септември нема да оостанете рамнодушни кон една привлечна Вага, суптилна Девица, искрениот Лав или Шармантниот Стрелец.
Здравје – Повеќе вежбајте.
РАК
Работа – Дилемата околу понудата за преминување на ново работно место, може да ве стави во непријатна ситуација и најверојатно ќе направите пауза во работата од десетина денови, во периодот додека планетата Марс, владетелот на вашата кариера е во солстиција од 19 – 28 септември.
Љубов – По долг период на удварање, во последните денови на септември ќе се создаде прилика да се состанете и направите близок контакт.
Здравје- Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа – Во овој период ќе се истакнат работите врзани за макетинг, медии, дизајн градителство и архитектура. Само напред!
Љубов – Вашата грижа, постојаност, љубов и учество во секојдневието, постепено ќе го смири вашиот партнер кој ќе ви се придружи, емотивно приближи и врати во кревет.
Здравје – Повеќе вежбајте.
ДЕВИЦА
Работа – Од 22 септември, кога вашата лична планета Меркур ќе тргне директно и кога Сонцето ќе влезе во знакот на Вага и вашата втора куќа на материјалните добра, ќе успеете со бројни отстапки и промени да го вратите вашиот углед во компанијата, па ќе започне и циклусот на финансиското опоравување.
Љубов – Од 22 септември, кога вашата лична планета Меркур ќе тргне диретно, ќе започне процесот на емотивната и ментална рехабилитација во која ќе ви биде потребен мир и осаменост.
Здравје – Солидно.
ВАГА
Работа – Неврабоените Ваги имаат прилика да најдат работа и да се запослат кон крајот на септември. Среќно, ова е вашата шанса!
Љубов – Во последната декада на месецов, кога Сонцето е во вашиот знак, ќе му се вратите и ќе го подобрите забавниот и друштвен живот. Тоа е она што го посакувате.
Здравје – Главоболка.
ШКОРПИЈА
Работа – Конечно, новата деловна ситуација ќе се покаже како многу корисна, затоа што професионално додатно ќе ве надогради и ќе ви донесе поголема месечна заработувачка.
Љубов – Пред крајот на месецов, на едно предавање или на некој собир, ќе сретнете сродна душа која ќе препознаете во знакот на Риба, Рак, Шкорпија или Вага.
Здравје – Повеќе пешачете.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Од 22 септември, кога планетата на вашата кариера Меркур ќе тргне со директен од, ќе потпишете корисни договори, кои ќе ви помогнат да продолжите да го градите и проширите бизнисот.
Љубов – Се до 22 септември, планетата на вашите партнерски односи Меркур е во ретрограден од и ви создава пречки, па со партнерот зачестија недоразбирањата, збркани договори и доминира заедничката лоша организација.
Здравје – Добро.
ЈАРЕЦ
Работа – Од 22 септември, вашето работно место ќе биде дефинирано, а вие со повторно вратената сила и со нова енергија ќе пристапите кон работата.
Љубов – Заедничкото одење на кафе и ручоци, ќе направи да се зближите и по кратко удварање и sms пораки, како и едно вечерно излегување, ќе се најдете во топлата прегратка на вашиот колега или колешка.
Здравје – Главоболка.
ВОДОЛИЈА
Работа – На вас како да ви е малку од одморот, па решивте уште малку да го продолжите за да ја соберете потребната енергија.
Љубов – Вашиот љубовен живот е сиромашен се до 22 септември, додека планетата на вашите љубовни односи Меркур не тргне директно.
Здравје – Добро.
РИБИ
Работа – Враќајки се на работното место, бурите ќе се смират, а вие со вратената и обновена енергија, ќе продолжите совесно да ја извршувате вашата работа.
Љубов – По долго време, ќе дозволите да ве преплават емоции и нежност, ќе се препуштите на волшебната љубов.
Здравје – Ослободете се од стресот со спорт.