Ostria Sea Side Hotel е елегантен, модерен и шик хотел со 4 sвезди во Ханиоти на Халкидики. На десетина метри од песочливата плажа на Ханиоти, Ostria Sea Side Hotel нуди надворешен базен и ресторан поставен кон морето, каде се служат грчки и интернационални специјалитети. Елегантното сместување со прекрасните балкони, пружаат прекрасен поглед кон вториот крак на Халкидики.
Извонредно модерната декорација на ресторанот во неутралните бои, му дава посебен елегантен и шик изглед. Зеленилото е врв на хортикултурата. Собите и апартманите се уредени во истата смирувачка палета, со сите потребни работи за гостите. Свежо цедени сокови и кафиња се сервираат на самата плажа, додека гостите уживаат во нивните коктели слушајќи музика која релаксира. Тоа што имресионира е исклучително пријатниот и млад тим на вработени, дискретни, полни со љубезност и професионалност, раководени од менаџерот на хотелот г-дин George Chatziioannidis. Тој работи веќе 6 години во истата бранша, а со искуството и MBA дипломата веќе 2 години управува со хотелот. Накратко имавме можност да го прашаме неколку прашања.
Divian Arts: Која е приказната зад името Ostria?
Името Остриа доаѓа од латинскиот јазик и значи јужен ветер.
Divian Arts: Кажете ни нешто повеќе за Ostria Sea Side Hotel ?
Хотелот Остриа работи 3 години. Сезоната стартува од 1 мај и завршува на 10 октомври. Високата сезона е од 15 јуни до 15 септември. Резервациите се прават однапред, заради големата побарувачка за престој во хотелот.
Divian Arts: Кажете ни зошто овој хотел е еден од најдобрите на Халкидики?
Хотелот е интернационален, на гостите им ја нудима нашата гостопримливост и култура, а истовремено учиме за нивната. Правиме грчки и џез вечери секој викенд со жива музика за нашите гости. Ostria Sea Side Hotel е најдобриот хотел со 4 sвезди на Халкидики и правиме се за нашите гости да имаат незаборавно и пријатно искуство!
Лично за крај… морам да кажам големо благодарам на Остриа хотелот, што ми ја довери шансата да го водам хотелот 2 години, со голема одговорност.