Кипарскиот дизајнер на мебел Stelios Mousarris, креирал помалку носталгична масичка која го потсетува на детството. Ова парче мебел со меки облици ни ги носи меките облаци како од цртаните филмови и воздушните ракети. За неговата реализација треба комбинирање на различни техники, токарска машина за 3D принтање, смола и традиционално рачно вајање на елементите. Масата е направена за да ги развесели разиграните умови на носталгичните возрасни личности како и на децата.