Christian Louboutin стана еден од најголемите светски брендови – нема жена која не знае за чевлите со црвената подлога. Сега кога го има глобалното модно царство, направи колекција на лакови за нокти, линија на ружеви и сјај за усни, кои изгледаат како вистинско уметничко ремек дело….Но еве сега, исфрли и линија на парфеми…..поточно, три од нив!
Сите три Christian Louboutin парфеми—Bikini Questa Sera, комбинација на јасмин и тубероза; Tornade Blonde, комбинација на црвен руж и црна рибизла и Trouble in Heaven, микс на јантар ипачулија—достапни се на christianlouboutin.com, по цена од 275 долари.