„Холандија не е само земја на ветерниците и лалињата, туку и на многу други убавини за кои вреди да се посети“, вели авторот на оваа прекрасна фотографија, Холанѓанецот Алберт Дрос. Неговата родна земја е најчесто посетена во пролет, во времето на лалињата. Но, според него, август е најубавото време за посета на Холандија, бидејќи во тој период цвета лавандата и шири опоен мирис кој успокојува. Токму на оваа фотографија е прикажано поле со лаванда, на изгрејсонце. Ние овој август го пропуштивме патувањето, но следниот нема да ни побегне. (: