Цела година помина во знакот на плетенките. И целата приказна почна пред неколку сезони, кога кај Alexander Wang се појавија опуштените плетенки на страна, за набрзо да му се придружи и Valentino со плетенките околу главата и новиот моден тренд е роден!
Денес нема позната личност која не ја видовме со плетенки околу главата или уште популарните “boxer” плетенки. Kardashian беа првите кои го започнаа овој мега тренд во 2016, а потоа преку социјалните медиуми се рашири со голема брзина.
Доказ за популарноста на плетенките се и тоа, што невестите ги одбираат за најважниот нивен ден, но со елегантен и софистициран изглед.