Свесни сме за фактот – да се живее здраво, не ни малку ефтино. Био производите, овошјето и зелнчукот од пазар, се многу поскапи од газираните пијалоци, разни грицки или смрзнати пици. Следниот пат кога ќе одите по набавки, понесете го со вас, нашиот список и бидете спремни за студените месеци кои се пред нас – и ќе бидете поздрави и енергични од било кога!
Пилешки гради
Содржат таканаречени добри протеини кои не само што се добри за здравјето, туку и со часови ве држат сити, па не морате во текот на денот да се нафрлите на грицките.
Банани
Богати со калиум, на списокот се од ефтините намирници кои се добри за вас! Јадете ги сирови или печени во разни комбинации со леб или колачи.
Јајца
“Секое утро едно јајце на организмот сила му дава” стара поговорка. Јајцата не се само за доручек. Консумирајте ги во било кое време во денот. Додадете им спанаќ, малку сирење и лукче и имате вкусен омлет, спремен за 5 минути.
Домати во конзерва
Доматите во конзрва се користат за многу рецепти, супи, чорби, разни варива , чили и разни сосови. Брзо и ефтино!
Морков
Bugs Bunny воопшто не беше глуп, кога по цел ден јадеше моркови. Сварете го морковот, ставете го во сосови или варива или пак јадете го сиров во салата.
Лосос во конзерва
Препол е со омега – 3 киселини и помага во смалување на холестеролот. А не е ни скап за разлика од свежиот лосос. Најдобар е во комбинации со сосови и тестенини, но можеби и вие ќе откриете сопствена варијанта која најмногу вам ви одговара
Смрзнато овошје
Смрзнатото овошје одмрзнете го, ставете го во миксер, додадете јогурт и имате смути идеален во секое време на годината.
Грозје
Најдобриот антиоксидант што природата ни го дава. Се останато е непотребно!