Познатата лондонска стоковна куќа ја оплемени својата понуда со нов центар за убавина, Harvey Nichols Beauty Lounge. Центарот е сето она што една жена може да го посака кога станува збор за третмани за разубавување. Освен стандарните услуги како фризерница, катче за шминкање и третмани, овој прекрасен луксузен простор содржи и продавница во која се нудат производи од едни од најдобрите козметички брендови во светот како што се Chanel, Delilah, Charlotte Tilbury и сл. Ентериерот е модерен и шик, во склад со најновите трендови на уредување. Простор во кој секоја жена би се чувствувала посебно. Погледнете во продолжение.