Дуото Долче и Габана неодамна ја претставија новата колекција шминка за претстојната сезона есен-зима 2016. Колекцијата наречена “Wild about Fall” изобилува со топли тонови совршени за оваа сезона. Шарена, динамична и деликатна, оваа колекција меѓу другото се состои и од нови палети сенки, интензивни бои на лакови, како и елегантни кармини во темни нијанси. Акцентот како и секогаш е ставен на беспрекорен дамски изглед, погоден и за дневни и за вечерни варијанти. Сицилијанскиот раскош и овојпат не изостана од есенската колекција, а во видеото погоре пронајдете ја инспирацијата за вашиот нов, есенски изглед.