Кога зборуваме за дизајнерското работно време, несомено можеме да заклучиме дека често знае да трае и по 12 часа во денот. Пријатната работна атмосфера е од есенцијално значење, како за продуктивноста така и за инспирацијата. Кога зборуваме за дизајнерските креативни умови, безбројните идеи бараат добро испланиран работен простор.
Користејќи ги кабинетите од IKEA, Kelli Anderson создаде работно биро според своите потреби. Бирото е големо, со паметни решенија за складирање на документи и материјали. Делот каде што стои компјутерот може да се акомодира во висината на дизајнерот доколку посака да работи стоејќи.
Погледнете го исклучително паметниот дизајн, како и дел од процесот на изработка…