На фотографијата се прикажани јато птици кои се собираат на една карпа што се наоѓа во Санта Круз, Калифорнија. Оваа прекрасна локација e посетена од многу туристи од целиот свет. Местото се нарекува „Плажата на мостовите” и изобилува со неверојатни пејзажи. Авторот на фотографијата Лоренс Нора вели дека ова е едно од најубавите места за да се фотографира зајдисонцето. Со користење на вистинската техника на апаратот се добива одличен ефект со кој местото изгледа сосема нереално.