Оваа куќа е дизајнирана од Snake River Interiors studio и се наоѓа во Wyoming во САД. Името на куќата е “Two Rivers House”, добиено по двете реки кои се влеваат една во друга на самиот имот. Овој дом го отелотворува духот на Западот – од сировата кожа, до камениот под и масивната столарија. Историска камена структура е донесена на градилиштето, како темел на оваа прекрасна куќа.
Старинските широки даски од бор, кои го покриваат подот и цврстите карпи и даваат безвременост на оваа куќа, а суптилните современи додатоци го внесуваат модерното доживување. Убавината е во деталите, мебелот по мерка, асиметричната расвета кој виси над дрвената плоча, односно масивната маса во трпезаријата. Совршена за забава и сигурно засолниште од надворешниот свет.