По летната пауза “Јавна соба” продолжува со проектот циклус тематски вечери и работилници „Вкусот на Скопје”. На 6.септември на мени е белгиската кујна приготвена од кој друг, ако не Марк де Јонг!
Храната е еден од најзначајните елементи на белгиската култура. Фактот што во Белгија има најмногу сконцентрирани ресторани со Мишелин ѕвезди во Европа, укажува на вистински познавачи на добра кујна и хедонистички став кон животот. Белгијците генерално преферираат големи порции на добро зготвена, налик домашна храна (по македонски манџа). Земјата е лингвистички и културно поделена на два дела и тоа значитално е изразено во поглед на храната. Фламанскиот дел е под влијание на холандската и другите северни кујни, а Валонија е целосно изложена на француски стилови на готвење, односно храна со повеќе интензивни сосови и зачини. Месото, рибата и компирот се сметаат за основа на белгиската кујна, но десертите и чоколадите се нивна специјалност. Покрај добро познатите белгиски пива(Leffe, La Chouffe, Duvel и други) кои дневно се козумираат во хектолитри, Белгијците имаат истенчен вкус и за вино.Белгија, како и Холандија, не е производител на вино, но е огромен вински конзумент.
Белгиецот Марк де Јонг за оваа пригода со тимот на млади готвачи од Јавна соба подготвуваат едно типично белгиско мени:супа од зеленчуксо крцкава сланина, гратинирана цикорија со шунка и кашкавал во бешамел сос, телешка карбонада со белгиско “ступм” пире и познатата бриселска шеќерна торта. На овој начин опфатена е храна од сите 3 региони во Белгија.
Пoвеќеинформациизацелиотнастанможедасенајдатна:http://publicroom.org/landingpages/belgian-dinner-at-public-room.html
“Јавна соба” во сезоната есен – зима 2016 ќе претстави 8 тематски вечери и работилници за храна во соработка со повеќе компании, амбасади и бизнис центри.Целта на сите овие кулинарски настани е да се внесат што повеќе новитети и да се подигне нивото на гастрономијата во земјава, односно да се освежи домашната кујна.
За сите детали и информации обратете се на: Нена Гиевска – ПР агенција Навигаторс: snezana.gievska@gmail.com