Ресторанот “Bottega” кој се наоѓа во Џакарта е направен според нацртот на дизајнерите од архитектонското студио Einstein & Associates. Тие имале во план да го уредат ентериерот на ресторанот во луксузен и модерен стил, а како инспирација им послужил култниот филм La Dolce Vita. Резултатот е одличен спој на италијански кафе-бар (столчињата) со локални, традиционални елементи. Огромниот шарен мозаик дава уметнички тон на целокупниот простор. Употребата на различни материјали придонесува за разиграност и нуди топла атмосфера за добредојде.