Ако досега сте почувствувале грижа за готвење на храната во микроталасната печка, новата студија сугерира дека овој, на прв поглед мрзлив метод, го одржува зеленчукот многу поздрав, одколку за време на готвење со многу вода или печење.
Еве зошто: National Brassica Survey тврди дека брокулата треба да се готви од три до пет минути за да ги задржи хранливите сосотојки. Проблемот е во тоа што повеќето од нас, ја остава да се вари околу 10 минути на ринглата во лонец и така заради топлината, се губи силниот антиоксидант под иметето – glucoraphanin. Значи, подолгото готвење на зеленчукот го уништува неговиот добробит.
Значи, кој е најдобриот начин на термичка обработка на зеленчукот до совршенство?
Микроталасната. Микроталасната ги загрева молекулите на храната, а не воздухот околу неа. Ви овозможува готвење на храната за пократко време, на релативно ниска температура, без поголема количина вода – сите причини за да се сочуваат хранливите сосотојки.
Известувањето на Harvard Medical School, докажа дека, обработката на храната во микроталасната ги задржува повеќето витамини и минерали, отколку било кој друг начин на готвење.
Вработени жени, радувајте се!