Dubai, одамна е познат по своите најнапредни изуми и огромните супер згради, но овој хотел оди скала погоре. Се работи за хотелот Rosemont Hotel & Residences кој е дел од ланецот на Hilton хотелите, а неговото отворање во Дубаи е предвидено за 2018 година!
Хотелот е посебен, заради својот центар во кој се наоѓа прашума која се протега на 7000 квадратни метри. Прашумата ќе биде преполна со егзотични растенија и дрвја кои ќе пуштаат водена магла и така ќе создадат вистинско доживување како во џунгла!