Гламурозната кампања на модниот бренд Herve Leger за есен/зима 2016., е снимена на отпад со стари автомобили. Во главната улога се наоѓа моделот Daga Ziober, а кампањата ја снимаше фотографот Boe Marion. Низ целата кампања се проткајува темно расположение кое го “крши” луксузот на познатите bandage фустани.
Овој пат, фустаните се нагласени со помош на разни детали како што се ланци, метални украси, реси и бисери. Целата кампања можете да ја погледнее во нашата галерија.