Годишниот одмор за повеќе луѓе е готов или е веќе при крај, а некои од понеделник се враќаат на работа и почнуваат со работните обрски. Прилгаодувањето оди тешко. Затоа ви предлагаме неколку совети како полесно да се вратите во реалноста по летниот одмор.
- Ставете фотографија од одморот во некој агол – така секокаш кога ќе ја погледнете ќе се потсетите на среќните мигови од вашето летување.
- Договорите дружба со пријателите – пријателите секогаш помагаат во се, а нема подобар начин да се вратите на старо место, од друштвото кое ќе го амортизира стресното враќање на работа.
- Ако сте во можност – планирајте го враќањето пред петокот – на тој начин ќе имате цел викенд за опуштање и лесно пролагодување на тоа што ве чека.
- Закажете масажа – нема подобар начин за опуштање пред стресното одење на работа. Ако не можете да си дозволите масажа во салон, наговорете го вашиот партнер да ве измасира.
- Никогаш не се враќајте на работа во понеделник – сам по себе, понеделникот е најтежок ден во неделата, а ако тргнете да работите токму во понеделник по 2 недели релаксирање, нема да поминете добро.
Се надеваме дека нашите совети ќе ви бидат барем малку од помош, доколку сте се уште во “back to work” депресија, сетете се на реченицата – “што се мора не е тешко”, а ние ви посауваме среќа прилагодување на брзиот работен ритам и живот!